ВБЦ му нареди на Шакур Стивенсон да ја брани титулата против Вилијам Зепеда

Во февруари Шакур Стивенсон го победи Џош Педли со прекин во деветaтa runda и по вторпат го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ во лесна категорија, а сега од организацијата стигна наредба дека неговиот следен меч мора да биде против првиот предизвикувач Вилијам Зепеда.

Во извештајот се наведува дека Стивенсон и Зепеда од ВБЦ добиле рок до 6 мај, а доколку не постигнат договор, тогаш ќе биде закажана аукција.

Стивенсон (23-0, 11 КО) ја освои титулата кон крајот на 2023 година кога со одлука го победи Едвин Де Лос Сантос, а потоа ја одбрани против Артем Харутјуjан и Џош Педли.

Големиот Вилијам Зепеда (33-0, 27 КО) долго ја чекаше својата шанса, а во последните две борби го совлада Тевин Фармер, победувајќи со мнозинска одлука минатиот месец.

Стивенсон во објава на социјалните мрежи напиша дека ја одбил понудата на Турки Алалших да се бори со Зепеда во текот на летото, но не исклучува дека мечот ќе се случи.

„ВБЦ ја нареди борбата, јас се уште сум шампион и нема да се предадам. Ако не можеме да се договориме, тогаш тоа е поради паричната понуда. Се гледаме наскоро“, напиша Шакур Стивенсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON