Светскиот боксерски совет (ВБЦ) треба да одобри борба меѓу поранешниот шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер и Енди Руиз Јуниор, изјави новинарот Мајкл Бенсон. Борбата треба да се одржи некаде во 2023 година.
Победникот во борбата ќе стане задолжителен предизвикувач за шампионскиот појас на ВБЦ, кој моментално го држи непоразениот британски боксер Тајсон Фјури.
Вајлдер се врати минатиот викенд со голема брзина. Тој во првата рунда го нокаутираше Роберт Хелениус. Така ги прекина двата порази во низа против Фјури. Американецот има 43 победи, едно реми и два порази.
Во септември Енди Руиз со едногласна одлука го победи Луис Ортиз. Руиз во својата статистика има 35 победи и 2 порази.
Вајдлер изјави дека сака да се бори со Александар Усик, но нема да одбие дуел со Руиз.