ВБА организира турнир на тешкаши со Фјури, Кличко, Чагаев, Устинов…

tysonfury-aljazeera

Познат е проблемот на боксот со премногу светски шампион.

Лидер на ова поле е Светската боксерска асоцијација (ВБА). На пример, тие имаат три светски шампион во тешка категорија. Тајсон Фјури е голем шампион, Руслан Чагаев „редовен“, а Луис Ортиз привремен. Работата да биде уште подобра, и привремениот шампион има задолжителен предизвикувач.

ВБА одлучи да исправи некои работи и почнува од врвот, од тешка категорија.

Претседател на Федерацијата, Жилберто Мендоза, најави одржување на еден вид на турнирот, со цел да се добие вистински шампион. Сите парови се врз основа на однапред определени или планирани борби.

Турнирот вклучува седум боксери.

По ред, прва е пресметката на „редовниот“ шампион Руслан Чагаев (34-2-1, 21 КО) и непоразениот предизвикувач Лукас Браун (23-0, 20 КО). Борбата ќе се одржи 5 март во Грозни.

Веќе е извесно дека победникот од тој меч треба да се сретне со Фрес Оквендо (37-8, 24 КО) кој загуби со контроверзна одлука од Чагаев во 2014 година.

Од другата страна на жрбеот, Тајсон Фјури е актуелен ВБА супер шампион. Го чека реваншот со Владимир Кличко, а победникот од оваа средба ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Луис Ортиз (24-0, 21 КО) и Александар Устинов (33-1, 24 КО).

Победникот на турнирот ќе стане само ВБА шампион во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО