ВБА им даде рок на Усик и Фјури до 1 април да потпишат договор

Светската боксерска асоцијација (ВБА) им нареди на Украинецот Александар Усик и Британецот Тајсон Фјури да потпишат договор за борбата до 1 април. Ова го објави претседателот на организацијата Жилберто Мендоза на Твитер.

Претходно ВБА соопшти дека на 11 март добиле потврда од двете страни на договорот за одржување на борбата. Промоторот на Фјури, Френк Ворен, најави дека борбата за обединување во тешка категорија ќе се одржи на 29 април.

На 13 март, Британецот му предложи на Усик да ја отстрани клаузулата за реванш за двете страни. Доколку тимовите не успеат да се договорат за борбата, тогаш Украинецот ќе има обврска да започне преговори за пресметка со Британецот Даниел ДуБоа.

Фјури го победи сонародникот Дерек Чисора на 4 декември и ја задржа титулата во тешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ). Усик, од своја страна, доаѓа по втора победа над Ентони Џошуа.

Британецот има 34 години и не знае за пораз во професионалниот ринг. Во кариерата има 33 победи и 1 реми. Усик (36) исто така останува непоразен со 20 победи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON