Лукас Браун во март го нокаутираше Руслан Чагаев со што стана првиот австралиски светски шампион во тешка категорија.
Два месеци подоцна титулатаму е одземена откако беше објавено дека бил позитивен на допинг тестот и вратена на Чагаев со услов повторно да се бори со Фрес Окуендо.
37-годишниот Узбекистанец во меѓувреме се пензионираше поради здравствени причини.
Светската боксерска асоцијација одлучи да го врати 37-годишниот Австралиец во првите пет на ранг листата и решени да се бори за испразнетиот наслов со Окуендо за „редовен“ шампион (Тајсон Фјури е „супер“ шампион) во рок од 120 дена.
Во соопштението на ВБА се наведува дека „малку е веројатно дека Браун намерно или доброволно земал кленбутерол во една доза неколку дена пред борбата, бидејќи таква количина не би му донела никаква предност“.
Исто така е нагласено дека Браун доброволно се согласи на ВАДА тестирање и поминал ненајавениот тест на 29 февруари, само пет дена пред борбата.
https://youtu.be/11JZ7mc8pwU