Васо Бакочевиќ убедливо го совлада Мурански

Васо Бакочевиќ загуби од Бразилецот Макс Денер со прекин во првата рунда пред две недели во Белград.

По мечот објави крај на кариерата, а само неколку дена подоцна договори нов натпревар, и изјави дека само се шегува.

На настанот ММА Атак 4 во Беџин арената кај Катовице, во боксерска „фрик борба“ во категоријата до 95 килограми, со едногласна одлука на судиите го победи Полјакот Матеуш Мурански.

На мерењето полскиот борец беше дури 20 килограми потежок од Васо, кој доминираше во поголемиот дел од натпреварот и се чинеше дека ужива.

Судијата неколку пати му броеше на Мурански, кој остана на нозе до крајот на борбата.

„Не ми е грижа за килограмите и ракавиците, ќе се борам со секого“, изјави Васо Бакочевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON