Васо Бакочевиќ со нокаут до деби победа во „бокс со голи раце“: Заеби ММА, роден сум за ова! (ВИДЕО)

Васо Бакочевиќ од Полска се враќа со атрактивна победа. Популарниот „Психопат“ го нокаутира Полјакот Дариуш Руткиевич во втората рунда од своето деби во „бокс со голи раце“ на настанот во Џенезис во петокот.

Бакочевиќ одлично го отвори својот настап на бокс без ракавици и го испрати противникот во нокдаун по само една минута. Судијата му бореше, но Руктиевич се подигна по одличното лево кроше.

А дека Полјакот се опорави, покажа на самиот крај од воведната рунда кога го сруши Васа со едно лево кроше, но се покажа дека Црногорецот не бил сериозно разнишан и го продолжил мечот по кратко броење.

По паузата жестоко се влезе во втората рунда, а на Руткиевич уште во првата минута од продолжението му пресуди комбинацијата на ВАсо со левицата и десницата. И после тоа Дариуш некако успеа да застане на нозе, но не доволно брзо и доволно убедливо за судијата да дозволи мечот да продолжи.

„Заеби ММА, ќе се борам тука секој ден! Роден сум за ова! Кога ме фати со левото кроше веднаш му покажав да дојде. Ќе ви треба бејзбол палка за да ме нокаутирате”, рече Бакочевиќ по борбата, па веднаш од кафезот го прозиваше Норман Парк, некогашен УФЦ, а сега борец на КСВ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON