Црногорскиот ММА борец, 33-годишниот Васо Бакочевиќ објави крај на кариерата. Во борбата за титулата на промоцијата на Сербиан бател шампионат во Белград, Бакочевиќ загуби со прекин во првата рунда од Бразилецот Макс Денер.
Имено, бразилскиот борец го фати Васо во гилотина, која не сакаше да ја предаде, па заспа. Црногорецот веднаш се вразуми, а потоа објави дека се повлекува.
„Завршив со ова срање. Не е проблем да загубам, но повеќе нема да се предавам. Тоа е крај на мојата ММА кариера“, изјави Васо Бакочевиќ, кој во кариерата победи на 42 средби, а има 23 порази и едно реми.