Црногорскиот борец Васо Бакочевиќ за овој петок најави настап во ММА натпревар, но се уште не знае кој е неговиот противник.
По обидот за бокс без ракавици и некои „фрик“ борби, Васо се враќа во акција.
Во СБЦ ќе настапи во категоријата до 80 килограми.
„Сакав да закажам бокс или меч со голи раце, но тоа е многу тешко. Особено „без ракавици“. Тешко е да се најде организација што организира вакви борби, особено кај нас“, рече Васо Бакочевиќ и додаде:
„Имав понуда од Русија, но тоа едноставно не е реално. Имав понуда да боксирам против шампионот на Хард Кор, тоа е руска организација. Мислам дека би се вратил без моите два предни заби“.
Црногорецот најави враќање во слободните борби.
„Закажав нов меч за петок, 17 февруари, и тоа ќе биде мое враќање во ММА. Што секако сите го очекуваа, бидејќи она што го кажав по мојот последен пораз во септември беше целосна лага и измама“.