Васо Бакочевиќ конечно победи по три порази во низа

Васко Бакочевиќ по три порази конечно ја прекина лошата серија. Црногорскиот борец (41-22-1) го победи Драгољуб Станојевиќ (11-10) од Босна и Херцеговина на премиерата на ММА промоцијата Армад во Кикинда.

Бакочевиќ на победа во ММА чека од декември 2019 година.

Станојевиќ на почетокот на мечот добро го удри противникот со лево кроше, но Васо само одмавна со главата и го собори покрај жицата.

Црногорецот продолжи да доминира, а предноста во килограми одлично ја искористи. Босанскиот борец не можеше добро да му одговори на Бакочевиќ, кој ја контролираше ситуацијата.

Васо до крајот на рундата го удри Драгољуб, а на крајот добро го затресе со „граунд и паунд“. Во паузата меѓу рундите тимот на Станојевиќ реши да го предаде дуелот. Видео од дел од борбата можете да погледнете ТУКА.

„Мојата шега за малку ќе ме чинеше, но брадата се уште не ме изневерила. Следниот месец следува нов меч“, подвлече Васо Бакочевиќ.

На настанот имаше уште седум натпревари, а треба да се спомене победата на Александар Терзиќ против Миладин Коларски со триаголник на раката во првата рунда и триумфот на Џевад Муфтиќ кој со „завршница“ го совлада Предраг Јовановиќ (2-5) во втората рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON