Црногорскиот борец Васо Бакочевиќ наскоро ќе се врати на терените. Имено, тој договорил боксерски меч во ММА ракавици.
Бакочевиќ ќе настапи на настанот што ќе се одржи на 8 јули во Златибор, но се уште нема противник.
„Добрата вест е што наскоро ќе се борам, а лошата вест е што тоа не е со голи раце. Се борам по боксерски правила, но за жал со ММА ракавици, па нема да биде баш како што ми се допаѓа, но не е важно. Ќе го пробам и тоа“, напиша Васо Бакочевиќ во објава на Инстаграм.
Васо се истакнува во боксот без ракавици и моментално има две победи во низа.
Во февруари го победи Давор Матиќ со нокаут по само 35 секунди, а месец и половина подоцна во втората рунда со нокаут го победи Лука Зебец.
View this post on Instagram