Васо Бакочевиќ и Перушко се степаа на бината на дебито на ЦФЛ (ВИДЕО)

И покрај големите напори се да помине во професионална атмосфера, промоцијата CFL/ЦФЛ доживеа хаос веќе на своето прв мерење, а авторите на истиот се Васо Бакочевиќ и Тончи Перушко.

Тие двајцата првиот дел од нивната пресметка ја направија веќе на сцената, иако на почетокот ништо не водеше кон тоа, но ситуацијата не е за чудење, ако знаеме каков карактер е борецот од Црна Гора и какви претстави инаку пружа во вакви  прилики.

Грант Вотерман, кого промоцијата го ангажираше како судија и како водител на мерењето, ги прозиваше борците кои мирно се измерија, а потоа почна соочувањето, на кое Бакочевиќ ја искориста својата докажана техника во такви околности, фаќање на противникот за врат. Секако, Перушко не остана мирен и дојде до вистинска акција на бината, каде што за малку ќе дојдеше до уривање на сценографијата, но борци навреме беа раздвоени.

Сето тоа малку го одвлече вниманието на навистина одличната програма, која оваа промоција ја подготви за своето деби. Но, можеби овој вид на промоција дополнително ќе помогне салата утре да биде полна до последното место.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON