Менаџерот на Васил Ломаченко изјави дека светскиот шампион во три тежински категории е во преговори за првиот меч за обединување на титулите.
Егис Климасизјави дека Лома, најверојатно, ќе се бори против победникот од мечот меѓу ВБО шампионот во лесна категорија Мексиканецот Реј Белтран (35-7-1, 21 КО) и Порториканецот Хозе Педро Педрас (24-1, 12 КО) на 25 август.
Во мај Ломаченко ја освои титулата на ВБА во лесна категорија победувајќи го Хорхе Линарес. Во борбата го повреди рамото и мораше да се подложи на операција.
„Разговарав со докторот и рече дека оперцаијата добро поминала. Што се однесува до иднината, само што разговарав со Боб Арум и планот е ппобедникот од мечот Белтран-Педрас да се бори со Ломаченко во за обединување на титулите на 1 декември“, рече Климас.
Другите два појаси во лесна категорија му припаѓаат на Мајки Гарсија.