Светскиот боксерски шампион и златен олимписки медалист Васил Ломаченко не се плаши од Хенри Сехудо.
Пред неколку дена, двојниот шампион на УФЦ одлучи да го предизвика Ломаченко на боксерски меч, а го доби и одговорот на Васил. Ломаченко му одговори на Сехудо и му покажа што ќе му се случи ако реши да се качи во рингот со светскиот шампион кој е во серија од 12 последователни победи.
Сехудо не се откажа и одлучи да потсети на првиот и единствена пораз на Ломаченко, што си го допушти против Орландо Салидо во 2014 година. Сехудо го повика Васил да клекне на колена, затоа што верува дека ќе го победи.