Борачите на Вардар, Владимир Димитриевски Егоров и Халил Зубаиров, во Бундес лигата имаа половичен успех.
Владимир Димитриевски Егоров (-57 кг) го победи најдобриот германски борач и репрезентативец Марсел Евалд со 5-1, кој на Европксите игри во Баку го освои сребрениот медал, додека репрезентативецот Зубаиров (-85 кг), кој во првото коло стартуваше со победа, сега загуби од германскиот репрезентативец Михаел Кауфмел со 6-3.
Сепак, нивната екипа СВГ Вајнгартен го совлада КСВ Испринген со 10-9.
ipon.mk/В.Д.