Сениорките на Вардар на Државното изборно првенство во борење ги освоија првите места во Радовиш.
Медалите ги освоија Марија Спирковска, Јована Неделковска, Мартина Вељаноска и Антонија Нешевска.
Треба да истакнеме дека борачките на Вардар немаа конкуренција.
На дводневните натпревари на Државните изборни првенства за сениори и кадети борачите на Вардар освоија 9 медали
Кадети:
Кристијан Славевски – второ место
Марио Савевски – трето место
Кадетки:
Марија Неделковска – прво место
Наташа Трпковска – прво место
Сениори:
Могамедгаџи Нуров – прво место
Сениорки:
Марија Спирковска – прво место
Јована Неделковска – прво место
Мартина Вељаноска – прво место
Антонија Нешевска – прво место