Вардарецот Владимир Егоров, сепак, ќе настапи на Европското првенство У-23

На Европското првенство за помлади сениори до 23 години во Шомабатели-Унгарија, сепак, ќе учествува и борачот на Вардар Владимир Егоров (57 кг), покрај пријавениот од ФБСМ Бехар Махмути.

Освен тоа што Егоров ќе се натпреварува, акредитација има добиено и неговиот тренер Љубиша Пешко.

На прес-конфернцијата во четвртокот претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, потврди дека на ЕП од 28 март до 2 април во Унгарија ќе учествува само Махмути и дека Егоров не ги почитувал повикот на тренерот на репрезентацијата и Правилникот и критериумите на Федерацијата и нема да биде дел од Европскиот шампионат.

Што се случило во меѓувреме ќе треба да објаснат од ФБСМ. Но не е јасно како ОСБ/UWW пријавува борачи и тренери по поединечни дописи и акредитации.

Како и да е, Егоров е добар борач чии апетити се поголеми од обично учество, туку ќе оди на медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON