Денеска и утре се одржува Меѓунаридниот турнир во борење „Гран-при Москва – турнир на легионери“ во главниот град на Русија, во грчко-римски стил и борење на плажа.
Учесниците на Гран-прито ќе се натпреваруваат во олимписките категории, а меѓу нив е нашиот репрезентавец и борач на Вардар, Могамедгаџи Нуров.
За тимот на Русија ќе настапат: Муслиман Садулаев (57 кг), Начин Кулар (65 кг), Тимур Бижоев, Израел Касумов (двајцата-74 кг), Магомед Рамазанов (86 кг), Арсланбек Сотиев (97 кг) кг ) и Шамил Шарипов (125 кг).
Противници на домаќините ќе им бидат нивните сонародници: Дагестанците Џамалудин Магомедов, Хаџимурад Гаџиев ( Азербејџан), Магомедгаџи Нуров (Македонија), Рашид Курбанов (Узбекистан), Гаџимагомед Алијев (Бахреин), Јакутан Ајал Лазарев и Арсалан Будажапов (двајцата за Киргистан).
На турнирот ќе настапи и тим од Турција, кој вклучува јуниори и 32-годишниот Јак Гор, како и Аргентинецот Агустин Дестрибатс.