Вардар со едни од најголемите резултати во историјата

БК Вардар во 2021година ги постигна едни од најголемите резултати во својата историја, за тие резултати се погрижија Могомедгаџи Нуров кој на ОИ го освои 9-тото место, а на СП беше 7-ми, има освоено и неколку Гран при првенства како што е во Италија, Полска и други.

Марија Спирковска стана балканска и медитеранска шампионка до 18 години, но освои и неколку први места на неколку меѓународни првенства, беше и носител на „Трофејот 8 Септември“.

БК Вардар е второ пласирана екипа во женска конкуренција на Македонија и седмо пласирана во машка категорија.

За овие резултати заслужни се и останатите борачи – Марија Неделковска, Кристијан Димчевски, Стефан Станоев, Марио Савевски и многу други.

Огромна заслуга има тренерот Игор Неделковски, како и Претседателот Чедо Николовски, но и Љупчо Лазаревски, Ацо Јорданов, д-р Даниела Ристиќ и други помагатели.

„Во 2022 одиме на уште поголеми резултати“, порачуваат Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON