Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на последната седница на 23 јуни донел одлука да се воведе мини преоден рок од 3 до јули. Натпреварувачите самите треба да ги поднесат барањата до ФБСМ најдоцна до 7 јули до 14 часот.
На оваа одлука на УО реагира БК Вардар со замолница да се укаже на УО и на директорот на ФБСМ дека одлуки во регистрациониот правилник се донесуваат на Собранието на Федрацијата.
„Однапред ве информираме дека доколку има некој наш член да премине во некој друг боречки клуб, треба однапред да го извести раководството на БК вардар и да добие согласност или исписница од БК Вардар“, се вели во дописот на Вардар до ФБСМ потпишан од заменик претседателот Александар Ранеглов.
Ipon.mk/В.Д.