Вардар протестира: Владимир Егоров е фаворит за медал на ЕП во У-23, а ФБСМ не го пријави!

БК  Вардар од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) бара да го пријави нивниот  борач Владимир Егоров за учество на Европското првенство во У- 23 години кое ќе се одржи кон крајот на месецов во Сомбaтељ,Унгарија.

Од Вардар истакнувата дека ФБСМ за ЕП ги пријавил Елмедин Сејфулау (61 кг), Раиф Камбери (65 кг) и Бехар Мамути (70 кг), а дека е изоставен најдобриот поединец и кандидат за медал. Поради ова Врадар упати писмо до ФБСМ.

Во соопштението на клубот се вели и следново:

Многу средства се инвестирани за развој и успеси на македонското борење, но погрешните дејствија на раководството на ФБСМ директно влијаат на резултатите,  па затоа Егоров и неговиот матичен тренер треба да бидат акредитирани. Нашиот тим истакнува дека Егоров е најголемата надеж за освојување на медал од ЕП „под 23“, но намерно или не, е изоставен од пријавата за учество на првенството. Егоров на првенството (Изборното-н.з.) во Прилеп стана доминантен победник во својата категорија до 57 кг, победувајќи ги тројцата свои соперници со технички туш, на изборното првенство „под 23“ и уверено го потврди правото за да учествува на ЕП во Унгарија.

Веднаш потоа, поради неактивноста на ФБСМ, беше на двонеделни подготовки во Стокхолм, Шведска, и учествуваше на солидниот турнир „Меларкупен“, каде што оствари 4 победи и еден пораз (во финалето). На Изборниот шампионат за сениори во Радовиш, квалификациски за Европското првенство во Нови Сад, по трите технички туша до финалето, таму за 20 секунди го тушираше својот ривал, со што ја докажа својата доминантност, физичка и техничко-тактичка подготвеност. Егоров не само што е македонски шампион, туку поради непостоењето на систем на натпревари во Македонија, беше позајмен на германскиот клуб Вајнгартен, каде што во изминатата година беа вицешампиони на германската Бундеслига, а годинава станаа и шампиони на Првата Бундеслига (со Нуров и Зубаиров во тимот). Во континуитет и под ред ги спроведовме базичните подготовки и успешно учествуваме на три контролни турнири. Вардар ја опфати и спроведе целокупната програма на подготовки и учество на меѓународен турнир и изборните шампионати без никакви трошоци за ФБСМ“. 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON