Вардар е петтопласиран во Регионалната бокс лига по 5. коло што овој викенд се одржа во салата „Врбанска“ во Марибор, Словенија.
На табелата води Нови Пазар со 160 бодови, пред Славија (133), Лозница (132), Сомбор (131), Вардар (72), Раднички (71), Марибор (63), Никшиќ (54), Железничар (29), Свети Донат (0).
До крајот на регуларниот дел од сезоната 2022/23 преостануваат три кола кои ќе се одржат во Скопје, Сомбор и Нови Пазар.
Потоа ќе уследи жрепка за организација на плејофот во кој за титулата во Регионалната боксерска лига ќе се борат четирите најдобро пласирани екипи. Скопје пак е фаврорит да биде домаќин на завршницата РБЛ.
Прв шампион на Регионална боксерска лига е тимот на белградска Црвена ѕвезда која во големото финале во Скопје ја совлада Лозница.
Резултати – Регионална бокс лига 5.коло:
Младиници
57 кг Ардијан Рустемов – Петар Средојевиќ (Славија) 5-0
60 кг Руждија Рустемов – Анел Рахимиќ (Славија) 4-1
63,5 кг Енис Алиу – Владимир Бериша (Сомбор) 0-5
Сеиниори
57 кг Дамир Азизовски (Марибор) – Ален Рустемов не излезе противникот
75 кг Един Сејдиновиќ (Марибор) – Ајхан Озем 3-0 TKO Р3, прекин од судијата