Утре во Босилеград, Србија, се одржува првиот Меѓународен турнир во борење на учествуваат борачи од Србија, Бугарија и Македонија. Преставник од нашата земја ќе биде БК Вардар во категориите за деца и кадети.
Инаку, Бојан Рангелов е синоним за Вардар во борењето, бидејќи тој е од првите денови на формирањето на клубот во 1960 година, па се до денес. Рангелов е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело во спортот, која во 2014 година официјално му беше врачена во Владата на Република Македонија од директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
Тој беше награден за заслугите за развојот на спортот во нашата земја, како темел патоказ и за сите идни генерации.
Вардаровиот тренер Бојан Рангелов е роден град Босилеград, поради вардарци пред четири години отвораат боречки клуб во овој град.
„Сега, по четири години работа, се создаде прилика и созреааа условите да се организира една убава манифестација, прв меѓународен турнир „Бојан Рангелов““, велат од Вардар.
Ipon.mk/В.Д.