Борачите на БК Вардар од Скопје нема да се појават на Државното првенство во борење за сениори во Велес, кое ќе се одржи во недела.
„Вардар ќе апстинира од понатамошните активности и натпревари, како од државни, така и од меѓународни. Сето ова е благодарејќи на многу лошата политика на раководството на ФБСМ (се нема слух и разбирање, самоволно неадекватно одлучување, не навремено планирање и организирање, никаква економска ниту материјална поддршка), со што намерно се наметнуваат финансиски издатоци на клубот, и со своите подли дејствија и интриги – намерно работат против македонското борење“, вели тренерот на Вардар, Љубиша Пешко во дописот до Ipon.mk.
Ipon.mk/В.Д.