Вардар 1961 со четворица борачи освои четири медали „Трофеј Победник“ во Белград, Србија, од 1 златен, 1 сребре и 2 бронзени.
Медалите ги освоија:
Неда Урошевска-златен, Матеј Тајковски – сребрен, Нина Славевска и Андреј Алампиовски бронзени.
За младите борачи на Вардар 1961 ова е многу добар успех, а задволството не го кријат претседателот и легендата на македонско борење Ацо Јорданов и тренерот Сашо Алампиовски. Тие веруваат во младите борачи и дека може да постигнат уште поголеми резултати.