Ванчо Димитровски на местото на успесите во Карате клубот Партизан-Кочани

Многумина ќе се сетат, а помладите генерации сигурно и не го познаваат или понекогаш наслушнале по нешто за Ванчо Димитровски – творецот на најголемите успеси на Карате клубот Партизан од Кочани кој остави голем белег во македонското карате, а во Кочани овој спорт стана доминантен, можеби и број еден.

Димитровски во 80-тите години на минатиот век го презеде раководењето на клубот по враќањето од Скопје, каде што настапува за Работнички и има забележителни успеси во тоа време.

Ианку, Димитровски 13 години работи во Калгари – Канада, до пред некој ден беше во родното Кочани каде што имаше многу пријатни изненадувања од неговите ученици и клупски другари. Првото изненадување се случило во ресторанот „Кај Мице“ во Зрновци, каде што му рекле дека ќе отидат два-тројца само нешто да замезат, кога таму имал што да види, го чекале сите негови ученици кои остварија успеси, а некои од нив и го водат клубот. Гитарите и писените ја наштамиле атмосферата која многу му недостигала сите овие години. Второто изненадување е традиционалниот собир „Кај дабот“ и манастирот „Свети Илија“ кај селото Бели во близина на Кочани.

„Пријатно ме изненадија, а емоциите сами навираа, така што ова ќе ме држи до наредната средба. Драго ми е што продолжија со успесите ишто има млади и надежни каратисти. Инаку, ги следам сите случувања во каратето и сум горд што нашиот спорт е еден од најтрофејните во Македонија“, вели Димитровски, со кого разговарвме за некогашните резултати и сегашноста на каратето.

„Во секој случај, каратето емногу напреднато, поквалитетно, нема ограничувања и измените се подобра насока, намален е судискиот фактор. Работите одат на подобро. Каратето може да дојде израз, има подобри и поатрактивни борби“, истакнува Димитровски.

Зад Ванчо Димитровски се големи резултати за македонското и кочанското карате, п атака со неговото доаѓање во Кочани Партизан од Регионална лига влегиува во Правата македонска (тогаш Републичка) и неколку години е значаен фактор во клупското натпреварување, а врвот е пласман меѓу првите три екипи во Македонија, со што е изборен пласман во повисок ранг, односно регионално југословенско натпреварување, но пооради финасиите таквиот предизвик не е прифатен.

Денков Драганчо станува четврти во Југославија во младинска конкуренција во една жестока тешкашка пресметка. Тоа што не му успеа на Денков го надополни Владо Симеонов кој освои бронзен медал Младиснкото првенство на Југославија. Ката тимот во состав Јулијана и Илинка Глигорови и Лидија Трајчева настапува во Сојузно финале, што ретко на некој од Македонија му тргнало од рака во ката составите за жени. Имаа и сребро од тогаш големиот Светски куп во Мишколц – Унгарија. Овој ката-тим на Светското првенство на ВСКФ во Мексико го освојува сребрениот медал. И Орце Ангелов освојува сребро на ова СП.

Клубот и тренерот Димитровски свој придонес имаат и во првиот официјален настап на македонските спортисти на меѓународен настан на Европското карате првенство 1993 година во Кардиф, Велс, каде што се освоени првите медали во независна Македонија. Ангел Георгиев го освои бронзениот медал во борби во кадетска конкуренција и остави траен белег во историјата на македонското карате. Да потсетиме дека на ЕП Елвир Куртановиќ освои златен медал а Зоран Пејов бронзен во младинска конкуренција. Раман Бајрамов до ден-денс жали што не се врати со бронза од тоа историско првенство, бидејќи доби казна за пресилен удар. И Благој Арсов ќе жали, зашто веќе беше виден во репрезентацијата, но на чуден начин отпадна во последен момент.

Потоа следува генрацијата на сегашните тренери Јорданчо Петров и Оливер Коцев…

„Драго ми што клубот работи со полна пареа и забележува врвни резултати. Од друга страна, добро е што многу тренери се уште се кативни и даваат придонес за равзојот на карате спортот во нашата земја“, нагласува карате мајсторот од Кочани и додава дека каратето треба да си го добие заслуженото место, бидејќи по резултатите е спорт број еден во Македонија.

Затоа, апелира во Кочани да се обнови карате турнирот, бидејќи овој спорт го заслужува тоа и е број еден во градот на оризот со големо значење за македонското карате, а резултатите ги обврзуваат сите и во Кочани и во Карате федерацијата на Македонија. Тоа ќе значи и поголема популаризација и враќање на нешто што дало големи резултати. Но, и за оние што прерано не напуштија или го изживеале векот а оставиле длабока трага во кочанското карате.

Тој вели дека нема време да се занмава со карате иако првата работа што ја ставил во куферите за Кнада била кимоното, заради професионалните како инжинер за мебел и дизајн. А за наследниците вели дека има, но не во карате, туку помалиот син Андреј се занимавал со ММА, иако тоа не било негова желба. Андреј до сега забележал три победи, а и таткото му почнал помага да го советува и да му помога како да прави одредени удари.      

Една работа вети, почесто ќе доаѓа во Македонија и ќе се задржува подолго и ќе има наваракање на каратето.

Ipon.mk./В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON