Натпреварувачката на Белатор во мува категорија, Валери Луреда, реши да ги разгневи своите мразачи (хејтери). 22-годишната Американка го загуби статусот на непоразена од Хана Гај, која ја победи со одлука на судиите пред неколку дена во Конектикат.
Луреда загуби серија од три последователни победи, но не се грижеше за тоа. Таа објави голи фотографии на социјалните мрежи, како и видео. На видеото им се заблагодари на своите обожаватели и го затресе задникот во чест на хејтерите.
Валери рече дека ќе стане шампион и е родена да се бори. Таа се пофали дека ги демантира критичарите кои сметаа дека ќе изгуби со завршница во првата рунда.