Валентина Шевченко и скршила неколку коски на оскаровката Хали Бери (ВИДЕО)

Славната американска актерка и добитничка на Оскар, Хали Бери, која е голем поборник на ММА, избра приказна од светот на ММА борбите за нејзиното режисерско деби.

Филмот „Модринки“ е во пост-продукциска фаза, во која Бери ја игра главната улога, а нејзиниот главен противник го игра вистинската ММА sвезда Валентина Шевченко, шампион во УФЦ во мува категорија.

Во гостување на „Вечерното шоу“ на Џими Фалон, Бери зборуваше за искуствата во филмот и снимањето со вистински ММА борец.

„Станува збор за пропадната жена, ММА борец , која се ближи до крајот на кариерата и се обидува да го врати синот што го оставила кога бил многу млад“, објасни Оскаровката.

Бидејќи самата, без дублер , ги снимала борбените сцени, таа сигурно почувствува како е да се влезе во ринг со вистинска ММА ѕвезда.

„Се борев со вистински шампион во УФЦ, Валентина Шевченко. И знаете што? Таа мораше да ги направи вистинските удари и јас морав да ги примам. Таа навистина ми искрши неколку коски. Таа е ѕвер, но не можев да посакам подобар учител и подобар партнер, сè ми беше толку реално, повремено имав чувство дека навистина се борам.Имавме и вистински судија од ММА, а тој рече дека мислел дека гледа вистинска борба затоа што таа донела толку многу моќ и автентичност во нашите сцени“, рече Хали Бери, додавајќи дека не жали за повредите што ги претрпела.

„Добро е да се повредиш. Сфатив дека секако ќе бидам повредена ако сакам да биде реално. Кога сами ги снимате сите акробации, повредите се неизбежни”, рече актерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON