Валентина Шевченко е владетел во мува категорија на УФЦ, која веќе шест пати го бранеше шампионскиот појас.
Таа на тој начин го израмни рекордот на Ронда Русеи, а може да биде најдобра доколку победи на следниот меч.
Имено, по деветмесечна пауза Валентина повторно ќе влезе во октагонот, а нејзина ривалка би требало да биде Бразилката Таила Сантос.
Нивниот меч треба да биде на програмата на настанот УФЦ 275 кој би можел да се одржи на 11 јуни во Бразил.
На истиот настан треба да биде и борбата за шампион во полутешка категорија меѓу Гловер Тешеира и Јиржи Прохаска.
Деновиве е потврдено дека мечот меѓу Аманда Рибас и Мишел Вотерсон е преместен на настанот УФЦ 274 на 7 мај, кој ќе го предводи борбата за титулата во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеиро и Џастин Гејџи.