Валентина Шевченко – Алекса Грасо на УФЦ 285

Валентина Шевченко во март ќе се врати во кафезот.

Актуелнaтa шампионka во мува категорија ќе се соочи со Алекса Грасо. Тие ја зајакнуваат борената карта на настанот УФЦ 285 на 4 март во Лас Вегас. Вечерта ќе ја предводат Џон Џонс и Сирил Гане за празната титула во тешка категорија.

Шевченко има скор од 23-3 во ММА и е во победничка серија од 9 борби. Таа последен пат, во јуни 2022 година, со поделена одлука ја победи Тајла Сантос. Ова беше нејзина седма одбрана на титулата во дивизијата. Шевченко завршува 15 од своите мечеви. Во УФЦ загуби само од Аманда Нунеш.

Грасо има 15-3 во ММА и е во победничка серија од 4 борби. Тоа доаѓа по победата над Араухо што ја забележа на крајот на 2022 година. Алекса има завршено 5 од нејзините борби и е непоразена со нокаут во кариерата. Таа се уште е непоразена во мува категорија, каде што дебитираше пред 2 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Setanta Sports UFC (@setantaufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО