Хабиб Нурмагомедов доби покана од Владимир Путин за втора нивна средба по повод големиот успех на дагестанскиот борец во УФЦ.
Веста е објавена на официјалниот Фејсбук профил на борецот.
„Да, претседателот рече дека дефинитивно ќе се сретне со Хабиб кога борецот е подготвен и пандемиската состојба нема да биде на својот врв“, потврди Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Нивната прва средба беше во 2018 година, по победата на Нурмагомедов над Конор Мек Грегор.
Потсетуваме дека „Орелот“ го победи Џастин Гејџи со завршница во втората рунда во главната борба на УФЦ 254, при што ги обедини титулите во лесна категорија.
По судирот, Нурмагомедов ја зголеми својата серија на 29 победи на 29 натпревари во ММА (8 победи со нокаут и 11 со завршница), но и реши да се откаже од активна спортска кариера.
Овие денови, Хабиб стана првиот Русин кој се искачил на врвот на најпрестижната ранг-листа на УФЦ – „паунд 4 паунд“.