Владимир Егоров (-57 кг) забележа две победи на силниот Меѓународен турнир во борење „Дан Колов и Никола Петров“ во Софија, Бугарија, против Кореецот Ли Хо Сеок и Романецот Андреи Дуков, но во ¼-фналето беше поразен од Ел-Кварак Зоеир од Франција.
Егоров во репасажот за пласман од 3 до 5 место го совлада Анатоли Бурујан од Молдавија 5-0, кој ја предаде борбата поради повреда, а потоа во борбата за медал со Турчинот Ахмет Пекер мечот заврши 5-5, но победата и медалот отидоа кај турскиот борач поради последен освоен поен. На крајот Егоров е петти.
Могамедгаџи Нуров (-97 кг) загуби од Андриј Власов од Украина.
Фати Вејсели, Ријат Реџепи, Елмедин Сејфулаху, Бобан Савев се поразени во првите борби.
Ipon.mk