ВАКО избира најдобри кикбоксер-ка и тренер: Ѓоргиев и Манојловски наши адути

Ненад Манојловски и Димитар Георгиев
Ненад Манојловски и Димитар Георгиев

Светската кик бокс организација ВАКО бира кик боксери на годината, и во машка и во женска конкуренција, како и тренер на годината.

Изборот ќе се направи на 27 август за кик боксер и тренер на годината во борби во Сити вест хотелот во Даблин, Ирска, за време на Светското првенство за кадети јуниори. Наредниот ден ќе биде прогласена и најдобрата кикбоксерка.

Во комисијата за избор најдобра жена борец и претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија, Александра Неделковска.

Stefani Todorova

Македонија има адути да се вклучи во изборот, бидејќи Димитар Ѓоргиев и Ненад Манојловски минатата година станаа светски прваци, а Стефани Тодорова го освои бронзениот медал.

Ненад Манојловски го совои златниот на Севтскиот шапионат во Белград во категоријата до 69 килограми во кик-лајт. Од друга страна, Манојловски беше прогласен за спортист на татамито. Тоа значи најдобар, најфер, најдобар техничар, спортист со големо срце.

Димитар Ѓоргиев стана шампион во категоријата до 74 кг (кик-лајт). Нашиот репрезентативец е меѓу ретките кикбоксери што освоиле три светски титули едно по друго.

Стефани Тодорова го освои бронзениот медал во дисциплината кик-лајт (до 60 кг).

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON