Мјалинда Келменди доби 100.000 евра за олимпиското злато

majlinda kelmendi dobiva nagrada 100000

На oсвојувачката на првиот олимписки медал за Косово и беа врачени 100.000 евра, а на тренерот Дритон Кука 50.000 и Нора Ѓакова 5.000 евра.

Мајлинда Келменди му се заблагодари на косовскиот министер за спорт за поддршката и на сите оние кои ја поддржуваа.

Освојувачката на олимпиското злато, џудистката Мајлинда Келменди, вчера во Министерството за култура, млади и спорт на Косово и беше врачена државната награда за врвни спортски резултати во вредност од 100.000 евра.

Majlinda Kelmendi na piedestal

На нејзиниот тренер Дритон Кука му припаднаа 50.000 евра.

Втората косовска џудока, Нора Ѓакова, кој не освои медал, доби специјална награда во вредност од 5.000 евра за олимписката норма.

Најдобриот косовски спортсист, Мајлинда Келменди, која влезе во историјата како освојувач на првиот олимписки медали за Косово, рече дека по враќањето од Рио, за разлика од порано, со тренерот не зборувале за финансикиот аспект, бидејќи „нема пари со кои може да се плати чувството по освојувањето на златото на Олимписките игри“.

„Ова не е последниот голем медал“, рече таа.

Таа им се заблагодари на косовскиот министер за спорт за нивната поддршка и сите луѓе кои го поддржаа.

„Мислам дека ова не е мојот последен голем медал, има уште работи што треба да се направат“, изјави Мајлинда.

Тренерот Кука се заблагодари за наградата и на министерот за нивната континуирана поддршка: „Верувам дека сите ние заедно, по златниот медал ќе имаме малку подобра статус од другите“.

Тој истакна дека по освојувањето на златото, Мајлинда во светските медиуми е претставена како „најдобрата олимписка приказна за кога било“.

Косовскиот министер за култура, млади и спорт, Кујтим Шаља, рече дека се надева дека успехот на Мајлинда е само почеток на одлични резултати на меѓународната спортска сцена на косовските спортисти и се очекува од Мајлинда овој резултат да го повтори и да и се приклучат и други спортисти.

„Денечната церемонија и наградите што ги добивате се ваша заслуга, а на нас само обврска. Ова не е заслуга на Владата и на државата Косово, ова е заслуга на вашата работа и наградата ќе ја добие според законот“, рече Шаља.

Тој нагласи дека Министерството работи на категоризација на спортот и спортистите за врвни резултати, а тоа ќе биде завршено во септември, во соработка со Џудо федерацијата на Косово и во Општина Пеќ, иницирана е постапка следната година да почне да гради националена џудо центар во Пеќ, родниот град Мајлинда Келменди.

Мајлинда Келменди веќе два пати беше светски и три пати европски шампион во џудо во категоријата од 52 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО