Најмладиот борец на УФЦ и една од најбрзо растечките ѕвезди во организацијата, Сејџ Норткат, овој викенд на УФЦ на Фокс 18 ќе го одработи својот трет настап во октагонот. УФЦ го посети Норткат и сними кратка приказна за неговиот подем.
„Супер Сејџ“ од негово доаѓање во УФЦ стана предмет на разни дискусии, но и на озборувања, од една страна, поради неговото неверојатно обликувано тело, а, од друга, заради натпросечната заработувачка за само неколку месеци во промоцијата. Иако Норткат за неговите години изгледа навистина импресивно, неговото семејство тврди дека тоа е исклучиво резултат на напорната работа, безкомпромисната мотивација и посветеност која ја негува уште од мали нозе. Со боречки вештини започнува да се занимава со само пет години, а веќе со седум знаеше дека еден ден сака да се натпреварува во фамозниот октагон.
„Почнав да патувам и да се натпреварувам кога имав 7 години, со 13 веќе настапува во целиот свет“, рече Норткат.
„Се натпреваруваме на карате турнирите секој втор викенд, 30 турнири годишно. Тоа се барем 300 турнири, па оттаму потекнува целото искуство и тренингот на Сејџ. Тој е најмотивираната, најработната личност што ја знам и сум горда на него“, рече сестрата на Норткат.
Но не е само богато натпреварувачко искуство и вештините она што го прават Норткат толку посебен со своите скромни 19 години. Голема врева се дигна за неговата импресивна физиономија, па така и беше обвинет за користење на стероиди. Татко му тврди дека тоа е резултат на неговите спартански живот.
„Секој ден работеше по 500 стомачни, 500 склекови, на нас тоа ни беше норма. Работеше серии по 25, па 35, склекови на рацете, работеше се. По 500 моравме да му кажеме да престане, тоа е доволно“, раскажува таткото на Норткат.