Емил Павлов најдобар спортист за 2015, а Жарко Арсовски најдобар тренер во Штип

Emil pavlov so gradonacalnikot

Денеска на каратистот Емил Павлов од КК „Штип“ свечено му беше доделено признанието за најдобар спортист на Општина Штип во 2015 година, кое е второ по ред.

Павлов ова признание го заслужи со бронзениот медал од Европските игри во Баку, Азербејџан, петото место на Европското првенство во Турција, државен првак во категоријата до 60 кг.

Emil Pavlov i trenerite nadobri sportsisti

Неговата клупска другарка Бојана Манева е прогласена за најодбра јуниорка, додека кај кадетите борачот Мартин Стојанов од БК Балканец е прворангиран, додека втора е кикбоксерката Викторија Варадинова, а третото место го делат борачот Серхан Шахиров и кик-боксерот Божјидар Јанков.

Viktorija varadinova i Bozjidar najdobri sportsiti 2015 Stip
Кај пионерите, најуспешен за 2015 е каратистот Григор Хаџикимов, второто место и припадна на одбојкарката Тамара Христовска, додека на третата позиција се борачите Давид Мишев и Петар Тодев.
За најдобар тренер е прогласен Жарко Арсовски, кој е тренер на најдобро рангираниот Павлов, за најдобар клуб е прогласен ППК „Шампион ФА“.

Balaknec na najdobar sportsit 2015 Stip

За спортски подвиг на годината се прогласени резултатите на фудбалскиот тренер Влатко Костов, голманот Филип Гачевски и планинарот Д-р Зоран Џидров.
Најдобри судии се одбојкарскиот судија Никола Мицевски и фудбалскиот делител на правдата Никола Караколев. Признание за најдобар спортист во екипните спортови ќе добие Кристина Манева. За најдобра екипа во среднишколска конкуренција е прогласена женската одбојкарска екипа на гимназијата „Славчо Стојменски“, додека кај основците, најдобри се ракометарките и одбојкарките на ОУ „Димитар Влахов“.
За најдобри спортски новинари се прогласени: Драги Герасимов, Христијан Митев, Кирил Манев и Никола Арсов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО