Дана Вајт гостувајќи кај Конан О’Брајан јасно порача дека верува дека кога-тогаш ќе бидеме сведоци на борбата меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор.
Од недомана пристигнаа информации од Лас Вегас дека Т-Мобиле арената е резервирана за 10 јуни, а сега на последниот бран на возбуда дополнително со совојата изјава ја зголеми претседателот на УФЦ.
„Мислам дека ќе се случи. Мислам дека ќе биде тежок договор, бидејќи очигледно има многу его и голем број на луѓе кои се вклучени во овој бизнис, а тоа секогаш го отежнува реализирањето. Од друга страна, вклучени се и многу пари. Едноставно, не гледам начин бората да не се случи“, рече Вајт.
Претседателот на УФЦ ја искористи оваа прилика за да и контрира на сите оние кои мислат дека бокс ѕвездата го очекува лесна работа во рингот.
„Конор е огромен и има 27 години. Тој е во најдобрите денови, а Флојд има 40 години. Впрочем, Флојд отсекогаш имала проблеми со левата рака, а Конор удира силно. Кога ќе ги удару луѓето, тие паѓаат. Флојд дефинитивно нема да го нокаутира, тоа е сигурно. Не зборувам дека Конор че победи во овој бокс меч, но сигурно ќе биде интересно“, ја најави Вајт борбата што се чини толку блиску, а сепак толку далеку