Вајт: Тони Фергусон испадна од УФЦ 254

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Тони Фергусон нема да се бори на УФЦ 254 кон крајот на октомври во Абу Даби. Веста ја објави Дана Вајт во интервју за ТСН спорт/ TSN_Sports. Претседателот на УФЦ најде нов противник за Тони откако неговата борба со Дастин Пориер пропадна.

За жал, работите не излегоа како што беше поанирано, Фергусон молчеше кога му беше понуден нов противник. Ова го принуди претседателот на УФЦ да продолжи понатаму, па така Тони беше надвор од мечот.

„Не, не, овие момци нема да се борат. Им понудивме битки на Фергусон и на Пориер, а тие замолчеа. Не успеавме да ги решиме работите. Кога ќе ти се јавам и сакаш да се бориш, тогаш бори се.

Ако не сакате да се борите, нема проблем. Не принудувам никого да се бори. Не сакате да се борите? Во тој случај, продолжуваме и решаваме други битки.

Се шпекулираше дека Тони може да се бори против Мајкл Чендлер, кој потпиша со УФЦ пред неколку часа. Ова не се случи и сега Чендлер ќе биде резерва во главната борба на УФЦ 254 и може да се бори против Хабиб Нурмагомедов или Џастин Гејџи“, му рече Вајт на Арон Бронстетер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО