Ново интервју и нови признанија на сметка на Ронда Русеј. Дана Вајт повторно ја пофали неговата омилена шампионка. Говорејќи за најголемата ѕвезда што некогаш била во УФЦ, Вајт потврди дека, без сомнение, тоа е Ронда Русеј.
„Тоа е без сомнение Ронда, без премислување. Ронда Русеј издава книги, снима филмови. Само поголема и поголема. И кога станува збор за продажба на ППВ (пеј-пер-вју) телевизиски права. И за се друго. Никогаш не имало ѕвезда како Ронда Русеј во УФЦ“, рече претседателот на елитната промоции говорејќи во емисијата UFC Tonight Show.
Многумина нема да се согласуват со оваа изјава, со оглед на тоа дека во УФЦ беа Андерсон Силва, Џорџ Сент Пјер или да речеме Брок Леснар. Силва беше толку популарен во Бразил штој прв доби можност да се рекламира и „мејнстрим“ спонзори, како што се Најк или Бургер кинг, ГСП е една од најголемите спортски ѕвезди во Канада во целина, а Брок Леснар продаваше на милиони ППВ-а, а покрај ММА и тој една од најголемите кечерски ѕвезди. Но, никој од нив веќе не е дел од елитната промоција.