Вајт: Прекинувањето на борбата меѓу Едгар и Вера беше правилно

Дaна Вајт смета дека прекинот на борбата меѓу Френки Едгар и Марлон Вера било во правилно. Викендов се бореа на УФЦ 268 во Њујорк во петел категорија. Едгар добро се спарвуваше, но во третата рунда доби преден ножен удар во лице (со карате речник кажано – маегери) и падна во тежок нокдаун.

Судијата веднаш ја прекина средбата, а Френки почна да протестира. Одлуката на судијата беше правилна, бидејќи Вера ќе му зададеше тежок граунд нед паунд, а тоа беше сосема непотребно. Едгар влезе во серија од 2 последователни порази и доби само една од неговите последни 5 битки во кафезот.

Едгар долги години немаше пораз во кариерата со нокаут, но сега падна со нокаут 4 пати во последните 5 порази. Вајт за медиумите во Њујорк изјави дека не знае што ќе биде со Френки, но за тоа ќе се разговара во наредните месеци:

„Го сакам Френки Едгар и тој не беше во право. Мислам дека прекинувањето на борбата од страна на судијата беше одлично. Дури и кога Френки беше на колена и се расправаше со судијата и се останато додека стоеше, тој не беше во право веднаш после тоа. Значи, тоа беше добра станица.

Френки добро се бореше додека не беше удрен. Не знам што ќе се случи. Френки мора да си оди дома, да помине малку време со семејството, да размисли што сака да прави и ќе разговараме за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON