Вајт повторно вети меч Џонс – Аспинал! Еве кога и каде би можела да се случи големата пресметка

Љубителите на слободните борби со нетрпение го очекуваат враќањето во октагонот на еден од најдобрите ММА борци во историјата, Џон Џонс.
Боунс последната борба ја имаше во ноември минатата година кога со прекин во третата рунда го победи Стипе Миочиќ на УФЦ 309.
Во тој меч го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија, по што многумина се надеваа дека Том Аспинал конечно ќе добие шанса.
По половина година неизвесност, неодамна пристигна информација дека голема пресметка во кралската дивизија може да се случи на УФЦ 322, која е закажана да се одржи на 15 ноември во Медисон сквер гарден, објавува британскиот портал Сан спорт.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди за време на неодамнешното емитување во живо на Инстаграм дека промоцијата ќе организира борба меѓу Џонс и Аспинал.
„Ние ќе ја организираме таа борба. Борбата во тешка категорија меѓу Аспинал и Џонс ќе се случи. Опуштете се, наскоро ќе следи соопштение“, рече Дана Вајт.
Во истото емитување најави голем број големи борби – борба за титулата во лесна категорија меѓу Илија Топурија и Чарлс Оливеира, потоа меч за титулата во средна категорија меѓу Дрикус ду Плесис и Хамзат Чимаев, как и борба за појасот во мува категорија меѓу Александар Пантоја и Каи Кара-Франс.
View this post on Instagram



