Нгану посака пари како блогерот Пол, а Вајт му одговори

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт одговори на прашањето на шампионот во тешка категорија на УФЦ, Фрeнсис Нгану, кој праша што треба да стори за да добие мултимилионски хонорари за неговите борби како јутјуб ѕвездта.

Одговорот на првиот човек на организацијата не се разликуваше многу од она што му го рече претходниот ден на поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Пауло Коста.

„Јутјуберите започнаа борби и се чини дека сите околу нив полудеа. Едноставно – требаше да започнете канал на Јутјуб кога имавте 12 години, а сега ќе бевте славна личност таму и ќе боксиравте со Флојд Меведер, претпоставувам. Еве го мојот одговор“, рече шефот на УФЦ.

Френсис Нгану е подготвен во август да ја брани титулата против Дерик Луис, иако борбата во тешка категорија сè уште не е официјално објавена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON