Вајт: Победникот од Миочиќ-Нгану ќе се бори со Џон Џонс

Дана Вајт, кој е претседател на УФЦ, изјави дека поранешниот шампион во полутешка категорија Џон Џонс ќе се соочи со победникот на реваншот меѓу УФЦ првакот во тешка категорија Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.

„Џон Џонс ќе замине во тешка категорија. Ќе се одржи мечот Стипе против Френсис, а победникот од оваа средба најверојатно ќе се бори против Џон Џонс. Тој човек цело време беше крал во полутешка категорија. Сега ми се чини оти тој смета дека е време да се пресели во тешка категорија. Го познава своето тело, ги знае своите способности подобро од којбило друг. Но, тоа е импресивно. Дозволете ми да ве прашам нешто, кој сака да се бори против Френсис Нгану? Одговорот е никој, нели? Никој не сака да се бори со ова момче. Но, Џон Џонс сака и тоа е прилично импресивно“, изјави Вајт за bjpenn.com.

Потсетуваме дека Стипе Миочиќ и Френсис Нгану го добија посакуваниот реванш. Најтешкиот шампион и предизвикувачот број 1 ќе се соочат на УФЦ 260, што ќе се одржи на 27 март 2021 година во Лас Вегас, Невада.

Џонс продолжува да го трансформира своето тело, затоа што помина низ најтешкото. Тој неодамна на социјалните мрежи се пофали дека се здебелил 20 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON