Вајт по триумфот над Поветкин: Морам да го пронајдам Џошуа и да му ја скршам ногата

Дилиeн Вајт минатиов викенд му се ревашира на Александар Поветкин за поразот пред шест месеци. Британскиот боксер доминираше против Русинот на средбата што се одржа во Гибралтар и го освои привремен шампионски појас на ВБЦ. Вајт така ја поврати позицијата задолжителен предизвикувач на титулата на чиј престол го држи Тајсон Фјури. Но, тоа не му значи ништо затоа што Кралот на Ромите чека две борби со Ентони Џошуа за апсолутен светски шампион.

„Предолго чекав, не сакам да дозволам да се случи тоа“, рече Дилиен Вајт, кој веќе беше во таа позиција додека Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер го имаа реваншот.

Британецот сака да продолжи со боксот, но е свесен дека борбата во која би можел да го нападне вистинскиот појас на шампионот на ВБЦ нема да биде добиена толку брзо.

„Само ќе го најдам Џошуа и ќе му ја скршам ногата за да не може да се бори. Така што на крајот ќе се борам со Фјури“, се пошегува Дилиен, кој секако би бил следниот ривал на Кралот на Ромите ако не се закажеше суперборбата помеѓу Џошуа и Фјури.

Вака ќе се најде во друштво на други задолжителни предизвикувачи. И тие ја бараат својата шанса, според ВБО тоа е Александар Усик, во ИБФ би требало да биде победник на мечот меѓу Филип Хрговиќ и Мајкл Хантер, а според ВБА која во моментов нема задолжителен предизвикувач, тука се Тревор Брајан и Махмуд Чар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО