Вајт не му дава шанса на Сехудо за трета титула

Хенри Сехудо се повлече од ММА минатиот месец, но не престана да зборува за враќање. „Трипл Ц“ ја одбрани титулата во петел категорија со победа над Доминик Круз, а УФЦ ја прогласи за слободна и веќе е закажана борба за неа. Хенри е подготвен да се врати во ММА за да се бори за трета титула против Александар Волкановски во перо категорија.

Сехудо сака да се етаблира како единствен шампион во три различни категории, но Дана Вајт нема интерес за такво нешто. Претседателот на УФЦ вели дека не размислува за борци кои веќе се во пензија и е насочена кон оние што сакаат да се борат:

„Хенри Сехудо е во пензија. Веќе имам направено интервју во кое зборувам за други борци кои се во пензија. Овие луѓе се повлекоа. Не размислувам за овие момци. Тие се повлекоа. Има многу други момчиња кои сега се тука и сакаат да се борат. Тие се оние на кои сум фокусиран“, изјави Вајт.

https://www.instagram.com/p/CBi2Y_Rn6Bv/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON