Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, го дели мислењето дека бледата претстава на Федор Емилијаненко против Фабио Малдонадо не ги намалило очекувањата меѓу навивачите на боречките спортови.
Зборовите на Вајт доаѓаат во момент кога се шпекулира дека има голема можност легендарниот Русин да потпише со УФЦ и да го има својот прв натпревар во организацијата.
„Тие сакаа да го остават да умре пред да го прекинат мечот. Но тоа е доказ колку е цврст и издржлив Федор. Тој беше во аут, а кога се исправи, нозете не го слушаа. Тој продолжи да биде бомбардиран од страна на Малдонадо, но, сепак, преживеа“.
„Ќе ви го кажам ова: Овие судии сакаа да дозволат прво да умре, пред да ја прекинат борбата. Федор, сепак, има здрава брада и е цврст тип. Преговараме со него од пред многу, многу години. Ќе ви откријам исто така, дека податоците од Фајт пасс јасно покажаа дека луѓето се уште сакаат да го гледаат“.