Дана Вајт верува дека наскоро ќе се организира реванш мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор. Вајт силно го посакува реваншот, како и Мек Грегор, но околу тоа главниот збор ќе го има Нурмагомедов.
Враќањето на Хабиб во октагонот е најавено за август или септември, а Вајт потврдува дека работи на организација на нов мега-спектакл.
„Би сакал еден таков реванш. Работиме на тој мега-спектакл. Мек Грегор сака, ние од УФЦ силно посакуваме таков меч, а и Хабиб мислам дека ќе се согласи“, вели Вајт, кој открива дека мечот меѓу Хабиб и Тони Фергусон најверојатно нема да се случи.