Вајт на Мек Грегор: Одработи го договорот и тогаш бори се со Мејведер

Дана Вајт уште еднаш го предупреди Конор Мек Грегор дека нема шанси да му дозволи боксерски меч со Флојд Мејведер ако УФЦ не биде вклучен во него.

Претседателот на уФЦ изјави дека Ирецот може да прави што сака, но откако ќе ги исполни договорните обврски.

Мејведер се повлече од боксот во 2015 година откако ги освои титулите светски првак во пет тежински категории. „Мани/Пари“ кажува дека борбата со Мек Грегор е единственат која може да се врати во рингот.

Вајт ќе направите се за да ја спречи борбата.

„Тоа никогаш нема да се случи, тоа е невозможно. Тој е под договор со нас. Договор е со  причина. Ќе ви кажам нешто. Постојат голем број на договори, без разлика дали сте во УФЦ или кој било друг бизнис и е доста тешко да се извлечеш од договорот. И ако тоа е она што го сака Конор Мек Грегор, тој има уште четири борби во договорот. Има уште четири борби за УФЦ. Одрботи ги своите борби и правиа што го сакаш“”, рече Вајт за Ајриш мирор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON