Дана Вајт рече дека ако Конор Мек Грегор го добие претстојниот меч во Абу Даби викендов, тогаш најверојатно ќе видиме реванш меѓу него и Хабиб Нурмагомедов налето.
Мек Грегор е на чело на УФЦ 257 со борба против Дастин Пориер.
Поранешниот двократен шампион се наведува како еден од можните противници што би го натерало Нурмагомедов да се врати во УФЦ и да ја одбрани титулата. Актуелниот 32-годишен шампион ја заврши кариерата во октомври откако го победи Џастин Гејџи на УФЦ 254.
Дагестанецот и Вајт се сретнаа на почетокот на оваа недела, на која двајцата се заклучија во една просторија и никој не знае што си рекоа еден на друг.
Сепак, Вајт рече дека втората борба меѓу двајцата ќе биде најголема во историјата на УФЦ.
„Да видиме што ќе се случи за време на викендот“, рече Вајт. „Тоа зависи од тоа што ќе се случи. Ако Конор се претстави атрактивно, веројатно ќе можеме да договориме меч со Нурмагомедов“.
„Сите мислат дека Хабиб не сака да се бори со Конор. Хабиб го мрази Конор, а Конор го мрази Хабиб. Мојата работа е да ја организирам оваа битка“.
Претседателот на УФЦ рече дека и двајцата се „неверојатно богати“, што го отежнува решавањето на реваншот.
„Битката ќе има многу пари. Обајцата ќе заработат многу пари.
Ова ќе биде важна борба за кариерите и на едните и на другите. Бидејќи Конор сака да се реваншира за поразот, а Хабиб сака да го победи Конор два пати за да се докаже“, објаснува Вајт.
Вајт планира да се сретне со Хабиб следната недела во Лас Вегас, каде ќе го добие конечниот одговор за иднината на шампионот.