Вајт: Ковингтон е тешкогазец, но треба да го почитуваш

Дaна Вајт е задоволна од борбата меѓу Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал. Тие го предводеа УФЦ 272 кој се одржа минатиот викенд во Лас Вегас. На нивната средба Ковингтон доминираше и победи со едногласна одлука.

Претседателот на УФЦ беше изненаден од борењето и кардиото на Масвидал. Во интервју за медиумите Вајт ги кажа своите ставови за гала вечерта, но и за главната битка.

„Мислам дека битката помеѓу Масвидал и Ковингтон беше одлична. Масвидал ме изненади со својата борба и издржливост. Овие две работи во неговата борба беа подобри отколку што очекував. Битката беше тешка за двајцата.

Ковингтон заслужува почит бидејќи е тврд и продолжува да победува. Да, Ковингтон е тешкогазец, но мора да го почитуваш. Има ли некој што не се согласува дека Ковингтон е тешкогазец?

Го почитувам детето. Не знам што е следно за Ковингтон и дали ќе има борба со Дастин Пориер.

Неговата следна битка треба да има смисла и да даде одредена насока. Ако остане во категоријата и продолжи да победува, тогаш треба да му дадеме шанса за титулата“, рече Вајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО